Захарова: Донацијата на тенкови од Северна Македонија за Украина е голема грешка

Русија смета дека донацијата на македонија на тенковите „Т-72“ на Украина е „голема грешка што само ќе помогне во криминалните дејствија на режимот во Киев“. Тоа го изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. цитирана од ТАСС.

На 29 јули, македонското Министерство за одбрана потврдија дека земјата ѝ подарила тенкови од трета генерација на Украина. Тие исти тенкови ги купи Македонија од Украина во времето на конфликтот во 2001 година. Нема податоци колку тенкови ѝ се предадени на украинската страна.

Бугарија и Унгарија останаа единствените две земји во НАТО кои не обезбедуваат директна воена помош за Украина.

Захарова, исто така, објави дека Србија не се обратила до Русија со барање за помош за решавање на конфликтната ситуација на Косово.

ПОСЛЕДНИ

„Лузер“ на колото: Му смееше во лице на Рабио, па експресно доби одговор…🎥

Вчерашниот натпревар во Серија А помеѓу Монца и Јувентус имаше луда завршница во која Монца стигна до изедначување во 92. минута, но само...

Трагикомендија: Славниот англиски клуб примаше смешни голови во ФА Купот – навивачите бараат истрага! 🎥

Славниот Нотс Каунти се најде во центарот на вниманието по натпреварот против Шрузебри во ФА Купот – причината е огромните сомнежи дека станува...

Извлечени групите за Европското првенство!

Наредното лето во Германија ќе се игра Европското првенство, а денес беа и извлечени групите за собирот на најдобрите вропски репрезентации.ГРУПА А: Германија,...

📷Меколи Калкин доби ѕвезда на Булеварот на славните

152 Меколи Калкин, кој го играше осумгодишниот Кевин Мекалистер во божиќниот филм „Сам дома“, доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во Лос Анџелес,...