Бред Пит фотографиран во Лос Анџелес по наводите за насилство

Бред Пит беше забележан во Лос Анџелес во вторникот – само неколку часа откако неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли поднесе судски документи, во кои го обвини дека фатил за гушата едно од нивните деца, му удрил шлаканица на друго, а неа ја фатил за косата и ја треснал од ѕидот во текот на жестока расправија во приватен авион пред шест години.

Џоли (48) тврди дека нивниот брак се распаднал на летот во септември 2016 година за време на кој Пит (58) наводно бил насилен кон неа и кон нивните деца, кои тогаш биле на возраст меѓу осум и 15 години, се наведува во судските документи. Таа вели дека Пит „првин вербално ја нападнал откако ја обвинил дека премногу ги почитува децата, а 90 минути подоцна почнал да ѝ вика, ја турнал во ѕидот од бањата и удирал во таванот на авионот со тупаници“.

Пит призна дека им викал на децата, но негира дека ги удирал. Извор близок до Пит во меѓувреме ја обвини Џоли дека манипулира со наративот „за да го добие она што го сака“.

Во изјава за „Дејли мејл“ истиот извор рече: „Нејзината приказна постојано се развива, таа додава целосно невистинити информации“.

Последните обвинувања од Џоли доаѓаат среде правната битка за продажбата на нејзиниот дел од винарницата во Франција.

Во вторникот, оскаровецот, облечен во тексас од глава до петици и во бели патики, беше виден како излегува со голема брзина од деловен комплекс во Лос Анџелес.

ПОСЛЕДНИ

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...

Пресуда на Основен кривичен суд – Клиника Жан Митрев нема пропусти во работењето

1,1K Основниот кривичен суд потврди дека нема никакви пропусти во работењето на Клиничката болница Жан Митрев. Обвиненијата на МАЛМЕД во однос на наводите за прекршоци...