Вонредна седница на Советот на безбедност на ОН поради конфликтот во Појасот Газа

Утре Советот за безбедност на ОН треба да се состане на вонредна седница во врска со ескалацијата на конфликтот во Појасот Газа.

– Советот за безбедност на ОН утре ќе се состане за да разговара за актуелната ситуација во Појасот Газа – изјави неименуван извор и наведе дека иницијативата ситуацијата во Појасот Газа да се стави на дневен ред на вонредната седница дошла од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Кина, Франција, Ирска и Норвешка.

Прес-службата на израелската армија соопшти дека во рамките на операцијата со кодно име „Зора“ се започнати офанзивни акции против цели поврзани со групата Исламски џихад во Појасот Газа.

Според проценките на израелската армија, во првата серија воздушни напади биле елиминирани „околу 15 екстремисти“, меѓу кои и командантот на бригадата Ал Кудс (бригада во Ерусалим), која е вооружено крило на палестинскиот исламски џихад.

За време на втората фаза од специјалната операција на израелската армија беа погодени шест воени цели на Исламскиот џихад, вклучително и некои батерии за ракетни фрлачи распоредени во Појасот Газа.

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...