Во СБ на ОН Москва ја блокираше американската резулуција против руската анексија

– Русија со вето во Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа спречи усвојување на американската резолуција со која се осудува руската анексија на четири украински региони и референдумите врз основа на кои беше извршена анексијата.

Советот за безбедност на ОН има 15 членки, од кои пет постојани кои имаат право на вето. Како што објави Си-Ен-Ен, Кина, Бразил и Индија се воздржаа од гласање, а Русија, постојана членка, стави вето. Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас Гринфилд на почетокот на седницата рече дека американската резолуција е „токму за што е создаден Советот за безбедност – да го заштити суверенитетот, да го брани територијалниот интегритет и да промовира мир и безбедност“. Како што јавува Би-Би-Си, резолуцијата ја осудува Русија за „организирање нелегални т.н. референдуми (на територии) во рамки на меѓународно признатите граници на Украина“, а референдумите се прогласени за „неважечки“. Резолуцијата, исто така, ја повика Русија „веднаш, целосно и безусловно да ги повлече сите свои воени сили од територијата на Украина во нејзините меѓународно признати граници“.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ги потпиша указите врз основа на кои областите Запорожје, Херсон, Доњецк и Луганск беа припоени кон Руската Федерација, потег што од голем дел од меѓународната заедница беше оценет како спротивен на меѓународното право и ескалација на конфликтот.

ПОСЛЕДНИ

Официјално: Малдини го напушти Милан

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТоа што се најавуваше сега доби официјална потврда, Паоло Малдини и Милан се разделија.Италијанскиот клуб со официјално соопштение...

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...