Во Бугарија се преврте автобус со деца од Србија, најмалку 17 повредени

– Седумнаесет повредени деца се примени вечерва во болницата во Стара Загора, меѓу кои три се со тешки повреди. Најмладиот е на возраст од шест години, најстариот е на 17-годишна вораст.

Тоа е најновиот биланс поведени откако автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија излета од автопатот Тракија во Бугарија и се преврте во ендек.

– Три деца се потешко повредени и во нашата болница е хоспирализиран и маж со тешки повреди на ногата, изјави директорот на болницата   Јовчо Јовчев. Нема загинати во сообраќајната несреќа.

– Има четворица тешко повредени, но не се во животна опасност. Тоа го изј ави в.д. министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев во врска со состојбата на настраданите во автобуската несреќа што се случи околу 20.10 по локално време во близина на Стара Загора.

– Причините за несреќата се расчистуваат, но нема надворешни причини, изјави бугарскиот министер. Меѓу повредените е и возачот на автобусот. Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар. Патувале од Несебар и се членови на фолклорниот ансамбл ЈУ-ЛИРА од Србија. Повеќето се од Батајница. Сите повредени се упатени кон болницата во Стара Загора. По наредба на главниот обвинител Иван Гешев, екипа истражители од Националната истражна служба се упати кон местото на сообраќајната несреќа кај Стара Загора. Тоа го соопштија од обвинителството. На таа магистрала пред два дена загинаа бремена жена и дете откако автомобил со турски регистерски талбички со кој се превезувале излетал од патот.

ПОСЛЕДНИ

Пред седум години излезе како маскота со Серхио Рамос, денес ќе игра против него🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЛамин Јамал е последниот голем талент кој излезе од познатата академија на Барселона,...

Роналдо продолжува да руши рекорди🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЕкипата на Ал Наср со 1:2 победи против Ал Тае во Сауиската лига, а херој беше...

Груби: Владата преку обврзници им помага на општина Тетово и Желино да ги подмират неплатените обврски

Владата на Република Северна Македонија преку финансискиот инструмент- структурни обврзници издадени од страна на Министерството за финансии ќе им помогне на општините Тетово и...

Проблем за Тен Хаг, Манчестер Јунајтед остана без двајца дефанзивци

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQДефанзивците на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез и Серхио Регилон се здобија со повреди...