ВМРО-ДПМНЕ против изборот на Тања Васиќ Бозаџиева за уставен судија

Расправата за предлозите за уставни судии продолжи во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја продолжи, а пратениците расправаа за кандидатурата на Тања Васиќ Бозаџиева, вработена во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство.

Според пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска, Васиќ Бозаџиева не е соодветен предлог за уставен судија и побара да се повлече нејзината кандидатура, бидејќи, како што вели, со биографија од две страници Васиќ не може да ги заштити човековите права на граѓаните.

„Госпоѓата Васиќ не е истакнат правник. Ги нема условите и критериумите кои што треба да ги поседува еден кандидат за член на уставен судија. Истата не може да ја зајакне, ниту пак да ја унапреди работата на Уставниот суд, ниту да ја штити уставноста на Република Македонија. Не може да ја подобри довербата на граѓаните во институциите, особено не во судството и затоа истата не може да добие поддршка да биде избрана за уставен судија. Васиќ би можела да биде солиден помлад соработник во некои од министерствата за јавна администрација, во некои техничко-логистичките служби на судовите, но во никој случај не би можела да биде уставен судија“, оцени Петрушевска.

Членовите на Комисијата за прашања на избори и именувања досега го утврдија предлогот на владејачкото мнозинство актуелниот судија во Апелацискиот суд Скопје Фатмир Скендер да биде избран за уставен судија. Одбиен е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Родна Живковска да биде избрана за уставен судија.

Пратениците треба да ги разгледаат биографиите и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, универзитетскиот професор Саво Климовски, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.

Уставниот суд во моментов работи без четворица судии на кои им истече мандатот, од предвидени девет судии. Во нецелосен состав е околу една година откако кон крајот на мај лани им истекоа мандатите на тројца судии – Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски. Кон средината на јануари годинава, пак, му заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски.

ПОСЛЕДНИ

Пендаровски на инаугурација на Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, на 3 јуни 2023 година, сабота, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција,...

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...

Чави откри кога Меси ќе донесе одлука каде да продолжи

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7ITренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие на...