Владина делегација предводена од вицепремиерот Маричиќ положи свежо цвеќе на споменикот на жртвите од земјотресот.

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од вицепремиерот Бојан Маричиќ во придружба на министерот за правда Никола Тупанчевски и заменик-министерот за правда Агим Нухиу, денеска по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, положија свежо цвеќе на споменикот на жртвите од земјотресот.

Годинава се одбележуваат 59 години од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули 1963 година. Во земјотресот загинаа 1.070 лица, дополнително беа повредени најмалку 3 илјади лица, а околу 200 илјади скопјани останаа без своите домови.

Денот на сеќавањето на скопскиот земјотрес е и ден кога им изразуваме благодарност на сите кои со љубов и солидарност учествуваа во споделувањето на болката со преживеаните и што учествуваа во обновата на градот. Скопје стана град на солидарноста, место на кое се обединија пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката, за загубата.

Почит кон загинатите лица во земјотресот оддадоа и делегации од Собранието на Република Македонија и Канцеларијата на Претседателот на Република Македонија, како и амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во Македонија.

ПОСЛЕДНИ

Чави откри кога Меси ќе донесе одлука каде да продолжи

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7ITренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие на...

Ништо од Баерн: Роналдо откри каде ќе игра следната сезона

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IИако се поврзуваше со враќање во Европа, поточно...

Шпанците тврдат: Барселона наскоро ќе биде исфрлена од европските натпреварувања!

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IКако што објавија шпански и неколку англиски медиуми,...

Очекувано: Спалети најдобар тренер во Серија А

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТренерот на Наполи, Лучијано Спалети очекувано и заслужено беше избран за тренер на сезоната во Серија А.Спалети успеа...