Влада: Целта на одлуката за пренамена на објектот на тетовска „Стара медицина” е подобрување на услугите за граѓаните на Тетово

Во врска со денешната најава на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами дека ќе ја тужи Владата „за незаконска одлука и решение со кое една од зградите од училишниот комплекс познат како „Стара медицина” се дава на трајно користење на Агенцијата за катастар на недвижности”, од Владата информираат дека ваквата Одлука е донесена врз основа на барање на Агенцијата за катастар, затоа што досегашните простории не се адекватни за реализација на работните задачи и процедури, имајќи го предвид соодносот на бројот на вработени и просторните услови.

Од Владата посочуваат дека во досегашните простории не постојат услови за чување на архивските материјали, катастарските збирки на исправи, катастарската документација, како и другиот архивски материјал и овој материјал бил сместен во подрумските простории на трговскиот центар во Тетово, кои и во изминатиот период неколку пати биле поплавувани.

– Имајќи предвид дека катастарската документација спаѓа во категоријата на архивска граѓа од трајна вредност, треба да се обезбедат простории со соодветни услови кои ќе овозможат заштита и чување на катастарската документација. Дополнително, досегашните просторни услови воопшто не се соодветни за пристап за повозрасните лица како и за лицата со попреченост и инвалидитет што е спротивно на политиката на Владата за да се олесни комуникацијата на институциите со сите граѓани, се наведува во владината реакција.

Од Владата посочуваат дека при носење на вакви решенија нејзина политика останува заложбата за достапност на услугите што се во рамки на делување и дејствување на органите, кои се во состав на државната управа.

– Со оваа одлука се подобруваат услугите за граѓаните на Општина Тетово, односно се овозможуваа тие брзо и навремено да ги добиваат услугите кои им се потребни и истовремено се овозможува подобри услови за работа на вработените во Агенцијата за катастар на недвижности. Ве информираме дека зградата која е предмет на оваа реакција е сопственост на Република Северна Македонија и за недвижноста нема прибелешки, односно не е дадена на користење на друга институција. Оттаму, согласно закон, Владата на Република Северна Македонија ја донесе одлуката за давање на трајно користење на оваа недвижност на Агенцијата за катастар на недвижности. Остануваме посветени на политиките за еднаква достапност на услугите за сите граѓани, се наведува во реакцијата на Владата.

ПОСЛЕДНИ

Пред седум години излезе како маскота со Серхио Рамос, денес ќе игра против него🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЛамин Јамал е последниот голем талент кој излезе од познатата академија на Барселона,...

Роналдо продолжува да руши рекорди🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЕкипата на Ал Наср со 1:2 победи против Ал Тае во Сауиската лига, а херој беше...

Груби: Владата преку обврзници им помага на општина Тетово и Желино да ги подмират неплатените обврски

Владата на Република Северна Македонија преку финансискиот инструмент- структурни обврзници издадени од страна на Министерството за финансии ќе им помогне на општините Тетово и...

Проблем за Тен Хаг, Манчестер Јунајтед остана без двајца дефанзивци

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQДефанзивците на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез и Серхио Регилон се здобија со повреди...