Вирусот не мирува, корона бројките растат

Забележан е раст на бројот на позитивните случаи на КОВИД-19 во земјава за 65 проценти, но истовремено нема зголемување на бројот на хоспитализации, со што беше утврдено дека нема потреба од дополнителни мерки.

Комисијата за азаразни болести препорачува граѓаните да бидат совесни и да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце.

Во текот на вчерашниот ден, Институтот за јавно здравје соопшти дека на 1261 тестирањe регистрирани се нови 148 случаи на КОВИД-19, од кои 40 се реинфекции. Оздравени се 45 пациенти и нема пријавено починати лица за изминатото деноноќие, но согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин”, евидентиран е 84-годишен пациент од Скопје кој починал на 27 јуни 2022 во болнички услови.

Засега, како што соопшти КЗБ во сила останува само обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.

Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 313.856 од направени 2.080.874 тестирања. Бројот на оздравени пациенти е 303.783, починале 9323, а активни случаи има 750.

Најголем број на активни случаи во моментов има во Скопје – 452. Валандово, Виница, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран немаат активни случаи на КОВИД-19.

The post Вирусот не мирува, корона бројките растат appeared first on Локално.

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...