(Видео) Свечено се отвора Пељешкиот мост, најголемиот инфраструктурен проект во Хрватска

Со Пељешкиот мост, кој свечено ќе биде отворен вечерва, ќе се поврзе југот на Хрватска со остатокот од земјата, а историскиот настан се одбележува во текот на целиот ден со програма што се одвива од двете страни на мостот на одморалиштата  кај Бријест и Комарно.

Мостот, чија целата челично-бетонска конструкција под и над водата заедно тежи дури колку 30 Ајфелови кули, е најголемиот хрватски инфраструктурен проект финансиран од фондовите на ЕУ со грант од 357 милиони евра (85 отсто од трошоците), а не него во текот на десет години работеа неколку влади.

Мостот е интегрална хибридна конструкција со 13 распони, од кои пет се главни (централни) распони долги 285 метри, шест централно поставени армирано-бетонски столбови високи 33 метри и две ленти заедно со постојка што ќе се користи за одржување на мостот.

Мостот преминува преку морски теснец широк 2140 метри, долг е 2404 метри, со навигациски профил под мостот од 200 на 55 метри, а негов главен и одговорен проектант е Марјан Пипенбахер.

Вкупната вредност на проектот се проценува на 420,3 милиони евра и опфаќа изградба на мост, пристапни патишта и обиколница кај Стон. Мостот го изгради кинеската државна компанија „China Road and Bridge Corporation“, објавија хрватските медиуми.

 

ПОСЛЕДНИ

Навивачите се жалат: Покривот на „Олд Трафорд“ пропушта вода 🎥

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=VWHUjtOK-xMМанчестер Јунајтед има проблем со резултатите на теренот, но тие не се единствените...

Дојде како голем талент, а Анчелоти сезонава нема да смета на него?!

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=VWHUjtOK-xMТурскиот суперталент Арда Ѓулер нема да остане во Реал Мадрид оваа сезона, затоа...

Ковачевски: Младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата

Премиерот Ковачевски присуствуваше на првиот академски час и доделувањето индекси на новите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,...

Адеми: Опозицијата ги штити интересите на казината, веќе две години го блокира Законот за игри на среќа

Координаторот на Демократската унија за интеграцијаа,  Арбер Адеми на денеска на прес-конференција изјави дека албанската опозиција се претворила во мегафон на македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ. Според...