(Видео) Пожар на лондонскиот аеродром Хитроу, 70 пожарникари се борат со огнот

Околу 70 пожарникари се борат со пожарот на околу 10 минути возење од аеродромот Хитроу во западен Лондон.

Некои локални жители на социјалните мрежи тврдат дека попладнево слушнале „експлозија“ во областа.

Се појавија снимки од огромни пламени кои беснеат во градините на жителите, а 44 испаничени луѓе ја повикале лондонската противпожарна бригада.

Лондонската противпожарна бригада на Твитер напиша: „Десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари се повикани да известуваат за пожар на патот Херефорд во Фелтам. Следуваат повеќе информации“.

Метрополитен полицијата во моментов е на местото на големиот пожар. Тие ги советуваат луѓето „да ја избегнуваат областа“.

Патниците на авионот што требаше да слета на Хитроу набргу по експлозијата објавија снимка од густ чад кој се издига над градот.

Во овој момент не се знае што ја предизвикало експлозијата, ниту дали има жртви.

 

ПОСЛЕДНИ

Официјално: Малдини го напушти Милан

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТоа што се најавуваше сега доби официјална потврда, Паоло Малдини и Милан се разделија.Италијанскиот клуб со официјално соопштение...

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...