(Видео) Охриѓанка се спушти во длабочините на Црвеното море и постави македонски рекорд

На 24 декември охриѓанката Симона Трповска се спушти до 102 метери во длабочините на Црвеното море во Египет, што е македонски рекорд во техничко нуркање. За подвигот оваа млада успешна дама интензивно се подготвувала една година, во што и помогнал искусен инструктор од Египет, кој воедно е сопственик на светскиот рекорд во длабинско нуркање.

За да можеш да одиш на длабочини над сто метри треба да поминеш низ интензивни тренинзи и едукација. Јас сум рекреативен нуркач од 2007 година, а со техничко нуркање почнав да се занимава од минатата година, на што ме поттикна мојата пријателка, Ирина Милошевска, првата жена технички нуркач во Македонија. Контактирав повеќе инструктори, меѓутоа најмногу впечаток ми остави Ахмед Габр, инструктор од Египет кој воедно го држи гинисовиот рекорд за најдлабоко нуркање од 332,5 метри. После неколку разговори со него се договоривме да започнам со тренинзи. – истакна Трповска во емисијата Спорт + на Охридњуз.

Симона Трповска

Тренинзите и подвигот, внимателно биле планирани со сета потребна логистика поддржана од тимот на „Габр Тек“. Истите, Трповска ги реализирала под водство на Габр со повеќе миксови на гасови. Покрај интензивните тренинзи на различни локации во светот, Симона пред поставување на националниот рекорд во длабинско нуркање, се здобива со Меѓународен сертификат „Advanced Trimix Diver“, за техничко нуркање до 100 метри, што воедно е највисок сертификат за длабинско техничкото нуркање, кој овозможува нуркање со мешавина од три гасови (хелиум, кислород и азот), кои се комбинираат согласно планираната длабочина.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...