Полицијата соопшти дека го застрелале напаѓачот неколку пати и тој е пренесен во болница со повреди опасни по животот, пренесува Ројтерс.
Засега не е познат неговиот мотив за нападот, додаваат од полицијата.
Според неименуван полициски извор, полицаецот кој го застрелал напаѓачот не бил на должност, пренесува Ројтерс.
Обвинителството во Париз соопшти дека ја започнало истрагата.
Француската телевизија БФМ објави дека во нападот се повредени најмалку шест лица.
Гардијан, повикувајќи се на неименуван полициски извор, пренесува дека полицијата го уапсила напаѓачот во железничката станица, откако пукале во него и го раниле.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин потврди на Твитер дека „едно лице повреди неколку лица на железничката станица Гаре ду Норд во Париз“, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека тоа лице било „неутрализирано“ од полициските сили.
Францускиот железнички оператор СЦНФ на Твитер објави дека денеска полицијата отворила оган врз „опасно лице“ кое повредило патници на една од главните железнички станици во Париз, и дека сообраќајот во областа е во застој, пренесува Си-ен-ен.
Гаре ду Норд е една од најфреквентните железнички станици во Европа и главната врска меѓу Париз и Лондон и Северна Европа.
Полицијата ја обезбеди областа по нападот, кој се случи утрово.