(Видео) Кој смее на претседателот да му ги брои чашите? Вучиќ: „Испив 100 чаши вино и ништо не ми е!“

Во Белград се одржа саемот „Винска визија на отворениот Балкан“, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ беше домаќин на лидерите на Албанија, Македонија и Црна Гора.

Претседателот не криеше колку сака вино, што можеше да се види и во директниот телевизиски пренос. Гледачите можеа да ја гледаат дегустацијата на виното на Вучиќ повеќе од еден час на некои телевизии, а самиот српски претседател се пофали дека може „многу да пие“.

„Немој повеќе, ми изброја народот, испив повеќе од 100 чаши, тоа што не ми е ништо, тоа е друга работа, во сабота пак доаѓам“, се пофали претседателот на Србија во телевизиски пренос.

Во еден момент советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ се обидела да ја земе чашата, но тој ја вратил од штандот и продолжил да пие.

„Само да пробам“, рече Сузана Васиљевиќ, која по една голтка почна да ја враќа чашата на Вучиќ на штандот, но тој беше дециден: „Не, не, не…“ и зеде уште една чаша вино од претставникот на излагачот на еден од штандовите.

 

 

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...