(ВИДЕО): Активисти посипаа со брашно косовски министер

Тројца активисти на Социјалдемократската партија на Косово (ПСД) во Приштина го посипаа со брашно по главата министерот за финансии на Косово, Хекуран Мурати.

Неколку активисти на СДП спроведоа акција на „фрлање брашно“ врз министерот Мурати во населбата Дарданија, потврдија од таа партија.

 

 

Мурати стана фокус на јавниот интерес по одлуката да не се исплаќаат личните приходи на работниците од јавниот сектор кои штрајкуваат.

Тој одлучи вака иако вработените во универзитетското образование, примарното здравство и општинската администрација имаат договорен однос со општините, а не со вредните институции, а соодветно на тоа одлуки за ззапирање на приходите можат да носат само градоначалниците.

Синдикатот на образованието, науката и културата не се откажува од штрајкот и покрај одлуката на Владата

Обединетиот синдикат за образование, наука и култура (УСОНК) нема да се откаже од штрајкот, иако Владата на Косово одлучи на секој вработен во јавниот сектор од септември до крајот на фискалната година да му дава по 50 евра месечно.

Штрајкот почна на 25 август, а УСОНК бара по 100 евра секој месец, до донесување и стапување во сила на Законот за плати.

Координаторот во тој синдикат Имер Имери рече дека доделувањето на 50 евра е помош, а не исполнување на барањата на синдикатот.

„Ја поздравуваме сета помош што премиерот (Албин Курти) им ја дава на работниците и на сите граѓани на Косово, но премиерот воопшто не се осврна на нашите барања“, рече тој.

Тој истакна дека „добредојдена е одлуката на премиерот за вонредниот пакет поради инфлација“, но оти, како што рече, нема напредок кон исполнување на барањата на синдикатот.

Тој додаде дека штрајкот продолжува бидејќи премиерот понудил помош и „не ги зголемил платите“.

За попладнево е најавена средба на косовската претседателка Вјоса Османи со претставници на Сојузот на независни синдикати на Косово.

Курти на прес-конференција во саботата рече дека одлуката да се помогне не е да се исполнат барањата на синдикатот, туку да се помогне во надминување на финансиската криза.

 

ПОСЛЕДНИ

Официјално: Малдини го напушти Милан

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТоа што се најавуваше сега доби официјална потврда, Паоло Малдини и Милан се разделија.Италијанскиот клуб со официјално соопштение...

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...