Васало: Опозицијата ќе треба да преземе одговорност ако сака да ја види земјава како го продолжува својот пат кон ЕУ

Заменик-амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во земјава Џулијан Васало, на денешниот брифинг со новинарите рече дека не би шпекулирал со датуми за тоа кога земјава ќе стане дел од Унијата и тоа според него ќе зависи од степенот на реформите, подготвеноста на капацитетите, но вели дека 2030 година може да биде реалност Северна Македонија да стане дел од Унијата, доколку постои политичка волја во земјава.

Во однос на уставните измени, рече дека опозицијата во одреден момент ќе треба да преземе одговорност, доколку сака да ја види земјава како го продолжува својот пат.

Тој рече дека промената на Уставот е суверена одлука на оваа држава и оти Северна Македонија презеде обврска кон Бугарија да ги вметна Бугарите заедно со другите заедници во Уставот. Васало оценува дека државава веќе има добро досие за преземање грижа за останатите заедници и според него правниот ефект на промена на Уставот ќе биде ограничен, бидејќи, како што кажа, земјава веќе работи добра работа на ова поле.

Тој рече дека Делегацијата на ЕУ и тој самиот се во постојан контакт со опозицијата. Васало истакна дека главната опозициска партија ја продолжува поддршката за правецот на оваа земја и во одреден момент на нив останува да преземат одговорност за нивните позиции и акции, ако сакаат да ја видат земјава како продолжува на својот пат. Васало денеска на брифинг со новинарите го презентираше скрининг процесот за усогласеноста на земјава со законодавството на ЕУ.

ПОСЛЕДНИ

Американците обезбедија „Гепарди“ – самоодни противвоздушни системи што итно ѝ се потребни на Украина

Американската војска и додели на компанија со седиште во Флорида договор вреден нешто повеќе од 118 милиони долари за снабдување на украинската војска дополнителни...

Пендаровски на инаугурација на Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, на 3 јуни 2023 година, сабота, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција,...

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...