Седуммина од осумте обвинетите за настаните што се случија на петти јули годинава пред македонското Собрание, пред скопскиот Кривичен суд ја признале вината и добија условни казни.
„Обвинетите се огласуваат за виновни за кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело. За што им се изрекува алтернативна мерка, условна осуда. На сите обвинети им одредува казна затвор од две години и определува дека нема да се изврши ако обвинетите во наредните четири години не извршат кривично дело – истакна судијката, Славица Андреевска.
Обвинетите лица кои се на возраст од 18 до 36 години, на протестите пред Собранието заедно со други непознати лица фрлале со тврди предмети кон зградата и полицијата, со што неколкумина припадници на МВР биле повредени, а била оштетена оградата пред собранието и едно возило на МВР.