Уште едно прекрасно издание на Фестивалот на грозје во Бојане

Под мотото „Леб, грозје и срце“, денеска жителите на селото Бојане во општина Сарај, ги пречекаа гостите од територијата на Дервен и пошироко во традиционалната манифестација, која се оддржа шеста година по ред, Фестивалот на грозје во Бојане.

Меѓу  присустните гости беше и заменик амбасадорот на ЕУ, Жулијан Васало, кој во својот поздравен говор, меѓу другото зборуваше за политиките на ЕУ, за развој на земјоделството, ИПАРД фондовите, како и за проблемите на земјоделството во Северна Македонија, како што се имотно- правните прашања и фрагментацијата на работните површини, што се одразува и на приносите, а во овој контекст ги спомена и придобивките што може да ги има организирањето на земјоделците во задруги.

Фестивалот го поздрави и амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја. Тој во оваа прилика потсети дека селото Бојане им понуди засолниште на жителите на Косово за време на масовната депортација во 1999 година и додаде дека Косоварите се чувствуваат должни за тоа што го понудил албанскиот народ и македонската држава. Тој предложи општините кои имаат слични развојни карактеристики како општина Сарај и Теранда (Сухарека) да се збратимат токму поради одгледувањето на грозје, додека за овој фестивал во Бојане рече дека треба да се интернационализира односно да добие регионален карактер.

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, во својот говор ја истакна поддршката што општината ја дава за организирање на слични манифестации и доколку една манифестација се мери со присуството на луѓе, тогаш може да се каже дека не погрешивме што го поддржавме Фестивалот на грозје во Бојане и ќе продолжи да се поддржува, рече тој.

На овој настан присуствуваше и заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, кој се заложи за понатамошна поддршка на овој фестивал, а во меѓувреме, во име на организаторот,  директорот Агим Селами потсети на историјата на овој фестивал што му даде посебен печат и карактер на производството на грозје, пошироко го афирмираше лозарството во Бојане и вети дека ќе ја продолжи традицијата.

Во уметничката програма учество земаа уметничките културни друштва „Дуфла“ од Рашче, „Јахи Хасани“ од Гостивар, „Дрита е Дервен“ од Сарај. Организаторот се погрижи на гостите да им подели над 1000 пакувања грозје од сортите „хамбур“ и „афусали“.

 

ПОСЛЕДНИ

Американците обезбедија „Гепарди“ – самоодни противвоздушни системи што итно ѝ се потребни на Украина

Американската војска и додели на компанија со седиште во Флорида договор вреден нешто повеќе од 118 милиони долари за снабдување на украинската војска дополнителни...

Пендаровски на инаугурација на Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, на 3 јуни 2023 година, сабота, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција,...

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...