УЈП апелира да не се шпекулира со непотврдени информации

УЈП испрати демант за веста под наслов „Во обвинителство се води предистрага за можна измама со фиктивна наплата на ДДВ „вредна“ над 90 милиони евра“ кој во продолжение ви го пренесуваме интегрално:

Во врска со неколку објави на медиуми под наслов ,,Во обвинителство се води предистрага за можна измама со фиктивна наплата на ДДВ „вредна“ над 90 милиони евра,, преземена од порталот МКД.МК , информираме дека станува збор за вест која Управата за јавни приходи ја објави и прати до медиумите на 12 мај 2022 година http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/911 . Тогаш е посочено дека не станува збор за афера на УЈП, туку дека станува збор за утврдено незаконско работење сторено од даночни обврзници кои УЈП ги детектираше уште во јули 2021 година. Како одговорна и вископрофесионална институција во соработка со останатите надлежни органи, УЈП ги презема сите активности за заштита на Буџетот на РСМ.

На ден 26.07.2021 г, информирани се надлежните институции за случувањата и мерките по што се преземаа и други дејства, а целокупната документација од страна на УЈП уште веднаш е предадена на надлежните институции.

Апелираме, да не се шпекулира со непотврдени информации и бројки затоа што во тек е постапка пред надлежни институции и секоја шпекулација може да нанесе штетни последици на целиот процес.

ПОСЛЕДНИ

Дресовите на Белингам се продаваат „како алва“, Реал трие раце

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.Англискиот репрезентативец...

„Тајм“ го избра Меси за спортист на годината

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.Лео Меси постигна 10 гола на седум...

Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да транзитира низ Бугарија

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања. „Обвинителството поднесе предлог за...

Пикси до Видиќ: И да сум заработил 16 милиони евра, па што?!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.Видиќ минатата недела кажа дека Пикси...