Талибанците ја слават првата годишнина од враќањето на власт во Авганистан

Помина една година во земјата, обележана со нагло опаѓање на правата на жените и длабока хуманитарна криза, јави телевизијата Франс24.

На 15 август 2021 година, исламските фундаменталисти без борба го зазедоа главниот град Кабул по молскавична офанзива низ Авганистан против владините трупи збунети од повлекувањето на силите на САД и НАТО по дваесет години воена интервенција во земјата.

„Ја исполнивме нашата должност наметната од џихадот и ја ослободивме нашата земја“, резимира Нијаматула Хекмат, еден од талибанските борци кои влегоа во Кабул тој ден – само неколку часа откако соборениот претседател Ашраф Гани избега од земјата.

Освен прогласувањето на денешниот ден за државен празник, досега не е најавена официјална  церемонија во врска со годишнината. Државната телевизија, сепак, посочи дека ќе емитува специјални програми без да даде детали.

Талибанските борци ја слават годишнината од преземањето на земјата, но хуманитарните агенции се загрижени бидејќи половина од 38-те милиони луѓе живеат во екстремна сиромаштија.

Новите власти во државата во голема мера се вратија на исклучително строгото толкување на исламот што го карактеризираше нивното прво владеење од 1996 до 2001 година, сериозно ограничувајќи ги правата на жените.

Голем број јавни позиции денес не им се достапни на жените, им е забрането сами да патуваат надвор од градот каде што живеат. Во март, исламистите повторно ги затворија вратите на средните училишта и факултетите за девојки – само неколку часа откако долго време беше најавено дека ќе им ги отворат. И на почетокот на мај, врховниот лидер на талибанците им нареди на жените да носат облека за целото тело.

„Откако дојдоа, животот ја изгуби смислата“, вели Огаи Амаил, жител на Кабул. Ни зедоа се, дури и влегоа во нашиот личен простор“, јави телевизијата.

Авганистанците признаваат дека со крајот на војната и враќањето на талибанците насилството во земјата е намалено. Сепак, многу од нив многу страдаат од акутната економска и хуманитарна криза.

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...