Странците не ги успокоија Русковска и Муареми: Амбасадата на САД и ЕУ ги упатуваат недоразбирањата да ги решат во „надлежните органи“

По повикот на шефицата на основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска до Амбасадата на САД да ги проверат сите факти и да расчистат кој се бори против криминалот, а кој го прави криминалот во државава, кон чиј повик за „помош“ се придружи и директорот на Управата за финасиска полиција, Арафат Муареми, Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ се огласија со посебни соопштенија во кои на некој начин ги упатуваат до соодветните органи.

„Се чини дека ова прашање е тековен процес и е прашање за надлежните органи да го решат“, се наведува во одговорот на Амбасадата на САД.

Во соопштението потенцираат дека Амбасадата на САД е вложена во унапредување на владеењето на правото во Северна Македонија и ги поддржуваат напорите на властите и на правосудството за обезбедување на транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив.

И Канцеларијата на ЕУ не се впушта во арбитрирање кој е а кој не е во право во овој судир на двајца високи претставници на двете институции.

„Европската Унија внимателно го следи развојот на настаните, вклучувајќи ги неодамнешните јавни разменувања на соопштенија. Примена на владеењето на правото е највисок приоритет за Европската Унија. Тоа е суштински дел од претстојниот процес на преговори од Кластерот „Темели“, кој треба прв да биде отворен во процесот на пристапните преговори со ЕУ. Постојните закони предвидуваат соодветни надлежности на државните институции и начини на нивната меѓусебна соработка, и тие треба да бидат почитувани. На ова прашање треба да му посветат внимание компетентните надлежни институции“

File:Delegation of the European Union Skopje Office May 2019.jpg - Wikimedia Commons

По се изгледа, Рускоска и Муареми не ја добија „помошта“ која ја очекуваа од Амбасадата на САД и Канцеларијата на Европската Унија .

САД и ЕУ покажаа цврст став дека овие прашања треба да ги решат надлежните институции во земјата.

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...