Стивен Спилберг е големиот победник на „Златен глобус“

Холивудската легенда Стивен Спилберг со својот филм „Фабелманови“ е големиот победник на овогодишниот „Златен глобус“.

„Фабелманови“ го доби „Златниот глобус“ за најдобар филм, а Стивен Спилберг ја освои и наградата за режија. Спилберг, чиј филм „Фабелманови“ има многу автобиографски елементи, во својот говор му се заблагодари на семејството. „Секој ме смета за успешна приказна. Но, никој не знае вистински кои сме сѐ додека не станеме доовлно храбри за да раскажеме кои сме“, рече Спилберг.

„Фабелманови“ е филм кој се темели на искуствата на Спилберг во детството и младоста. Тој го опишува пропаднатиот брак на своите родители, искуствата со антисемитистички мобинг и своите скромни почетоци како режисер на тинејџерска возраст.

Филмот „Баншите на Инишерин“, кој раскажува за крајот на едно машко пријателство на оддалечен ирски остров, освои „Златен глобус“ за најдобра комедија, а Колин Фарел, кој игра во филмот, е прогласен за најдобар актер во комедија. Освен тоа, награда доби и сценаристот на филмот, Мартин Мекдонаф. Најдобра актерка во комедија е Мишел Јео. Таа доби „Златен глобус“ за нејзината улога во „Сѐ, сите, сѐ наеднаш“.

ТРИУМФ НА „ФАБЕЛМАНОВИ“ И „ТАЖАЧКИТЕ ОД ИНИШЕРИН“ НА 80. ЗЛАТНИ ГЛОБУСИ - Сите вести на едно место

„Златниот глобус“ за најдобра машка улога отиде во рацете на Остин Батлер за неговото постигнување во „Елвис“, додека наградата за најдобра женска улога ја освои Кејт Бланшет за глумата во „Тар“.

Доделувањето на „Златен глобус“ донесе разочарување за германската филмска индустрија. Антивоениот филм „На Запад ништо ново“, кој се базира на романот на Ерих Марија Ремарк, не освои награда. Во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е прогласен „Аргентина, 1985“.

Доделувањеот на „Златен глобус“ секоја година го означува почетокот на доделувањето на наградите во меѓународниот филмски бизнис. Наградата ја доделува Холивудската асоцијација на странски новинари (ХФПА). Минатата година, церемонијата не беше емитувана на телевизија поради обвинувањата за недоволен диверзитет и корупција. Откако ХФПА прими повеќе од сто членови кои не се белци, Ен-Би-Си годинава повторно го пренесуваше доделувањето на наградите.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...