Стерлинг објави фотографија од летниот одмор и ги налути англиските навивачи

Најдобрите фудбалери од најсилните првенства во Европа ги користат последните денови од летниот одмор пред започнувањето на припремите за новата сезона.

Еден од нив е Рахим Стерлинг кој според најавите би можеле од наредната сезона да го гледаме во дресот на Челзи. Стерлинг одморот го поминува во Јамајка, неговата родна земја.

Тој објави фотографија од одморот со опис „Дома е најубаво“, а тој негов опис предизвика реакции.

Стерлинг иако е од Јамајка сепак се одлучи да игра за Англија, па англиските навивачи не пропуштија прилика да го потсетат дека ако му е толку убаво имал можност да ја избере Јамајка.

„Зошто тогаш избра друга репрезентација?“, „Што правиш тогаш во дресот на Англија?“, „Да ти е толку убаво ќе го носеше дресот на својата држава“…Се само дел од коментарите кои го дочекаа Стерлинг на оваа фотографија.

Коментари
ПОСЛЕДНИ

Ова се најплатените играчи во Премиер лигата, Де Брујне на врвот

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQФудбалерот на Манчестер сити, Кевин Де Брујне е најплатениот играч во Премиер лигата.Белгиецот со околу...

Проблем за Баерн: Повредата на Гнабри е сериозна

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQБаерн Минхен лесно ја заврши работата во Купот на гостувањето кај Пројзен Минстер,...

Саудиска Арабија посериозно ја развива својата нуклеарна програма

Саудиска Арабија ја објави својата посветеност на изградбата на нуклеарна програма, како и ветување дека ќе овозможи поголем надзор над инспекторите за атомска енергија,...

Приведен шверцер на мигранти од Струга, пронајдени 33 лица

Денеска, во 11.30 часот, полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица, во близина на бензинска пумпа на...