Средба Курти – Вучиќ на 18 август во Брисел

Следната рунда од дијалогот меѓу Србија и Косово на највисоко политичко ниво ќе се одржи на 18 август во Брисел, потврди портпаролот на Европската унија (ЕУ), Петер Стано.

„Можам да потврдам дека откако високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел ги покани двете страни во Брисел, претседателот на Србија (Александар) Вучиќ и премиерот на Косово (Албин) Курти ја прифатија неговата покана и ќе дојдат во Брисел на 18 август“, се наведува во писмениот одговор на Стано.

Тој изјави дека српскиот претседател и косовскиот премиер ќе бидат примени од шефот на европската дипломатија Борел, како и од специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, со цел заеднички да разговараат за „патот напред во дијалогот меѓу Приштина и Белград“.

Ова ќе биде прва средба меѓу Курти и Вучиќ во рамките на дијалогот за нормализација на односите по повеќе од една година. Последен пат тие се сретнаа во Брисел во јули 2021 година.

Откако Албин Курти е на чело на Владата на Косово, досега се одржани само две средби на највисоко политичко ниво. Двете средби поминаа со тензии и меѓусебни обвинувања.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на почетокот на оваа недела ги покани Курти и Вучиќ да дојдат во Брисел, во време на зголемени тензии на Косов,о кои настанаа откако Србите на северот на Косово ги блокираа патиштата кон граничните премини со Србија, Јариње и Брњак.

Блокадите беа поставени во неделата, на 31 јули, ден пред да стапи на сила одлуката на Владата на Косово за издавање документи за влез-излез за српските државјани кои влегуваат во Косово и за промена на српските регистарски таблички.

По дипломатската интервенција на Вашингтон, Владата најави дека ќе го одложи спроведувањето на одлуките кога ќе бидат отстранети блокадите.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...