Србија најави жесток одговор на Брисел, Вучиќ ќе ѝ се обрати на јавноста

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави решителен и жесток одговор на бриселската администрација во име на Србија. Одговорот ќе ѝ го соопшти на јавноста најдоцна во рок од 72 часа, пренесуваат српските медиуми.

Според Новости, шефот на српската држава бил шокиран и вџашен по изјавата на портпаролот на Европската комисија Петер Стано, творецот на синтагмата за „одговорност од двете страни“ во случаите кога албански специјалци од РОСУ пукаат во невооружени Срби на Косово, а кој денес ѝ порача на Србија дека е „под надзор на ЕУ“ поради потпишувањето на формалниот План за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Србија и Русија кој во петокот беше потпишан во Њујорк.

Претседателот на Србија, како што пишува Новости, бил видно револтиран од пораката на Стано и подготвува одговор „без влакна на јазикот“, особено поради тоа што портпаролот на ЕК молчел кога албански екстремисти неодамна се обидоа да убијат српско момче во Бабин Мост или кога во четвртокот 30 вооружени припадници на косовските безбедносни сили упаднаа на северот на Косово, во општината Зубин Поток.

„Тоа Стано го премолчи, но не ја пропушти приликата да ѝ се закани на Србија поради техничкиот план за состаноци на српскиот и рускиот министер за надворешни работи во кој нема ниту една ставка која се однесува на безбедноста“, коментира српскиот весник.

ПОСЛЕДНИ

Дојде како голем талент, а Анчелоти сезонава нема да смета на него?!

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=VWHUjtOK-xMТурскиот суперталент Арда Ѓулер нема да остане во Реал Мадрид оваа сезона, затоа...

Ковачевски: Младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата

Премиерот Ковачевски присуствуваше на првиот академски час и доделувањето индекси на новите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,...

Адеми: Опозицијата ги штити интересите на казината, веќе две години го блокира Законот за игри на среќа

Координаторот на Демократската унија за интеграцијаа,  Арбер Адеми на денеска на прес-конференција изјави дека албанската опозиција се претворила во мегафон на македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ. Според...

Адеми: Албанската опозиција предводена од ВМРО го блокираше Законот за игри на среќа

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку прес-конференција ги отфрли сите тврдења на албанската опозиција за Законот за игри на среќа. Адеми рече...