Собранието изгласа продолжување на кризната состојба во енергетиката

Собранието изгласа продолжување на кризните состојби поради недостиг на електрична и топлинска енергија. Со 83 гласа „ЗА“ без против и воздржани Собранието донесе Одлука за продолжување на кризната состојба во енергетиката во Макеонија поради недостиг на електрична енергија. Кризна состојба е прогласена и на подрачјето на Град Скопје поради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Власта уверува дека кризната состојба е за да им се помогне на граѓаните, институциите и стопанството иако се уште виси набавката на струја и парно.

Обезбедени се 250 милиони за справување со кризата , а вие моќе да дадете поддршка за обезбедување на уште 100 милиони евра, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Опозицијата даде поддршка но предупреди дека власта готви терен за злоупотреба на државни пари и склучивање тендери во четири очи без јавен оглас. Од ВМРО – ДПМНЕ побараа и одговорност за можни сценарија доколку БЕГ не успее да испорача топлинска енергија, а новиот снабдувач не биде подготвен на време за старт на грејната сезона.

Ќе ја поддржиме кризната состојба за граѓаните да имаат некаква алтернатива. Сеуште ви виси проблемот со набавка на енергенси , вели пратеникот од ВМРО- ДПМНЕ Здравко Трајанов

Власта остана глува на апелите на опозицијата да се прифати нивниот план кој ќе донесе поголема стабилност и заштеди. ВМРО ДПМНЕ инсистира и на законски измени со кои и јавните и комунални претпријатија би влегле на регулираниот пазар.

ПОСЛЕДНИ

Пендаровски на инаугурација на Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, на 3 јуни 2023 година, сабота, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција,...

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...

Чави откри кога Меси ќе донесе одлука каде да продолжи

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7ITренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие на...