Скрекас: Речиси еднаква на нула е веројатноста за прекини на струја во Грција

Многу мала, речиси еднаква на нула е веројатноста за прекини на струја за домаќинствата и бизнисите во Грција, според министерот за животна средина и енергија Костас Скрекас, кој во интервју за грчката телевизија „Скај“ истакна дека тие како Влада направиле сè што можат за да нема недостиг во снабдувањето, јави дописничката на МИА од Атина.

Скрекас истакна дека „во животот и кога во тек е енергетска војна, никој ништо не може да исклучи“, но потенцираше дека се многу мали, речиси еднакви на нула, шансите за прекин во снабдувањето со енергија.

-Иако е енергетска војна, Грција се соочува со најмал ризик меѓу останатите европски земји, во однос на енергетската доволност и снабдувањето, рече Скрекас. Посочи дека Владата е насочена кон три цели: ​​обезбедување достапни цени на енергијата за домаќинствата и бизнисите, носење регулаторни одлуки за одвојување на цената на природниот гас од цената на електричната енергија и енергетска доволност во земјата. Министерот за животна средина и енергија  на Грција најави дека до крајот на седмицава ќе бидат соопштени и мерките за поддршка на граѓаните и за природниот гас.

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...