Скопјанец загина утринава по судар со камион на патот Кичево – Гостивар

Скопјанец утрово загина откако во 06.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница“ се судрил со камион, додека неговата сопатничка минала со тешки телесни повреди.

Сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Mан“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи“, со скопски регистарски ознаки.

„На местото на несреќата починал возачот на возилото „Хјундаи“, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето.

Со  тешки телесни повреди  се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје. Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи“, информира СВР Охрид.

ПОСЛЕДНИ

Проблем за Баерн: Повредата на Гнабри е сериозна

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQБаерн Минхен лесно ја заврши работата во Купот на гостувањето кај Пројзен Минстер,...

Саудиска Арабија посериозно ја развива својата нуклеарна програма

Саудиска Арабија ја објави својата посветеност на изградбата на нуклеарна програма, како и ветување дека ќе овозможи поголем надзор над инспекторите за атомска енергија,...

Приведен шверцер на мигранти од Струга, пронајдени 33 лица

Денеска, во 11.30 часот, полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица, во близина на бензинска пумпа на...

Џабе милијардите: На натпревар во Саудиска Арабија присуствуваа 61 гледач

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQСаудиска Арабија вложува милијарди во фудбалот и веќе во лигата во оваа земја...