Скандалозен пречек Динамо Киев во Турција 🎥

Денес во натпревар од првото коло во групната фаза од Лигата на Европа во Истанбул ќе се сретнат Фенербахче и Динамо Киев.

Овие два клуба играа натпревар во ист град пред нешто повеќе од еден месец. Тогаш Фенербахче на свој терен беше поразен од Динамо Киев со 1:2, а навивачите на домашната екипа ја прикажаа грдата страна на спортот.

Во завршницата од натпреварот тие го скандираа името на Владимир Путин алудирајќи на агресијата на Русија врз Украина.

УЕФА тогаш отвори истрага против Фенербахче кој подоцна беше казнет поради ваквото скандирање. Сето тоа како да не беше доволно, па сега ова добие ново продолжение.

Денес поединци одлучија во Истанбул да шетаат со маски со ликот на Путин. Останува да видиме што ќе се случува во наредните часови и како овој пат фудбалерите ќе бидат примени.

Коментари

ПОСЛЕДНИ

Наполи и Де Лаурентис под истрага за сомнителни трансфери!

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQНаполи и сопственикот Аурелио де Лаурентис се обвинети поради финансиски малверзации, односно лажирање...

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови на англиски...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...