Силно невреме во Скопје, дел од улиците под вода (ФОТО)

Силно невреме попладнево ја погоди скопската котлина, како и неколку населби во главниот град.

Центар, Аеродром и Кисела Вода се најзафатени од невремето, проследно со пороен дожд, град и силен ветер.

Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Засега нема информации за предизвикани штети од невремето.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека на повеќе места во земјава е нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во моментов јадра со поизразена нестабилност има околу Штип, Велес, Демир Хисар, Св. Николе и Скопје.

-Нестабилна облачна маса се спушта од север кон скопската котлина и се очекува на повеќе места во градот и околината да има интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и можна појава на град, велат од ЦУК.

ПОСЛЕДНИ

Проблем за Баерн: Повредата на Гнабри е сериозна

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQБаерн Минхен лесно ја заврши работата во Купот на гостувањето кај Пројзен Минстер,...

Саудиска Арабија посериозно ја развива својата нуклеарна програма

Саудиска Арабија ја објави својата посветеност на изградбата на нуклеарна програма, како и ветување дека ќе овозможи поголем надзор над инспекторите за атомска енергија,...

Приведен шверцер на мигранти од Струга, пронајдени 33 лица

Денеска, во 11.30 часот, полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица, во близина на бензинска пумпа на...

Џабе милијардите: На натпревар во Саудиска Арабија присуствуваа 61 гледач

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQСаудиска Арабија вложува милијарди во фудбалот и веќе во лигата во оваа земја...