Барселона иако беше на работ на банкрот сепак успешно се извлекува од ситуацијата, а Каталонците одработуваат и одличен преоден рок. Од спонзорски договори и ТВ права Барса инкасираше 650 милиони евра и тие знаеше како да ги искористи.




Многумина сметаат дека Барса и сега ја ризикува својата иднина, но Жоан Лапорта мораше да повлече радикални потези. Барселона се засили со Роберт Левандовски, Рафиња, Анреас Кристенсен и Франк Кеси. Освен тоа околу трансферот на Кунде се е завршено и се очекува и тој многу брзо да се приклучи на тимот.




Чави потврди дека Пабло Торе е големо изненадување за сите, иако ова лето пристигна како засилување за Барса Атлетик (Барселона Б), Торе е одличен на припремите и ќе остане со првиот тим.




Би можел да пристигне и Цезар Аспиликуета кој уште еднаш побара од Челзи да го пушти во Барселона и со тоа би бил затворен преодниот рок. Така ако се погледне ситуацијата Барса не само што ќе има одличен прв тим туку и резервниот изгледа навистина силно. Нов резервен голман е Ињаки Пења кој се истакна на позајмицата во Галатасарај минатата сезона.




РЕЗЕРВНИОТ ТИМ НА БАРСЕЛОНА

ПРВИОТ ТИМ НА БАРСЕЛОНА
