Школата за млади лидери “Peace Forum Dialogue“, рокот за пријавување до понеделник

Во рамките на одбележувањето на 21 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, за прв пат оваа година организира Школа за млади лидери “Peace Forum Dialogue”.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, преку Школата за млади лидери “Peace Forum Dialogue”, им дава можност на младите учесници да добијат информации за функционирањето на политичкиот систем во Република Северна Македонија.

Спроведувањето на политиките произлезени од Охридскиот рамковен договор, унапредувањето на меѓуетничките односи, управувањето со конфликти, градењето на мирот, социјалната кохезија, консензуалната демократија, интеграцијата, градењето мир и соживот меѓу етничките заедници и интеграцијата на граѓаните во јавноста, општествениот, економскиот и културниот живот ќе бидат дел и од предавањата што ќе се одржат во рамките на Школата за млади лидери “Peace Forum Dialogue”.

Целта на Школата е стекнување на нови знаења и усовршување на лидерските вештини на младите за да можат да придонесат за позитивен развој на општеството.

Школата ќе се организира од 10.08.2022 до 12.08.2022год. во Охрид, додека обуката ќе се одржи на македонски и албански јазик. Трошоците за сместување и транспорт на селектираните учесници ќе бидат покриени од страна на организаторот, а на конкурсот можат да се пријават младите лица на возраст од 20 до 30 години.

Рокот за пријавување трае 5 дена од денот на објавување на конкурсот. Сите учесници на крајот на обуката ќе добијат сертификат. Заинтерeсираните учесници треба да се пријават, со приложување на мотивационо писмо и биографија на следната е-маил адреса: peaceforumdialogue@mpsoz.gov.mk и pfd@mpsoz.gov.mk

May be an image of standing and text that says 'PEACE FORUM DIALOGUE 10-12.08.2022 охрид министерството за политички систем односи мегу заедниците организира школа за млади лидери: "PEACE FORUM DIALOGUE" можат да се пријават млади на возраст од 20 до 30 години заинтересираните учесници треба да се пријават co приложуване на мотивационо писмо и биографила, HA е-маил адреса: PEACEFORUMDIALOGUE@MPSOZ.GOV.MK рокот за прилавуване E 5 дена од денот на облавуване на конкурсот'

Сите услови за аплицирање ќе ги најдете на следниот линк👇
ПОСЛЕДНИ

Американците обезбедија „Гепарди“ – самоодни противвоздушни системи што итно ѝ се потребни на Украина

Американската војска и додели на компанија со седиште во Флорида договор вреден нешто повеќе од 118 милиони долари за снабдување на украинската војска дополнителни...

Пендаровски на инаугурација на Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, на 3 јуни 2023 година, сабота, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција,...

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...