Селена Гомез го покажа стомакот на плажа: „Вистинските стомаци се враќаат“ (ФОТО)

Селена Гомез е една од ретките јавни личности кои одбиваат да се усогласат со стандардите за убавина. Таа собра многу симпатии зборувајќи отворено за нејзината борба со депресијата и анксиозноста, што дефинитивно не е „популарна“ тема.

Сега, повторно воодушеви одбивајќи да ги прифати наметнатите стандарди за убавина, а својот став го искажа во интересно видео.

Таа на TikTok објави видео на кое лежи во едноделен костим за капење, а во преден план е нејзиниот стомак. Потоа се слуша глас кој ѝ вели: „Вовлечи го стомакот“, на што таа одговара: „Доста со тоа ср**е. Вистинските стомаци се враќаат, добро?“.

Нејзиното видео е прегледано повеќе од 18 милиони пати, а луѓето се воодушевени и најмногу ѝ се заблагодаруваат што го покажа вистинското женско тело и велат дека „им помага да се чувствуваат подобро во сопствената кожа“ и дека таа е „вистински модел“ меѓу познати личности.

Инаку, Селена Гомез не е единствената меѓу познатите кои се борат за здрав, нормален изглед на телото. Камила Кабело во последно време често беше критикувана за нејзината тежина и изглед.

ПОСЛЕДНИ

Американците обезбедија „Гепарди“ – самоодни противвоздушни системи што итно ѝ се потребни на Украина

Американската војска и додели на компанија со седиште во Флорида договор вреден нешто повеќе од 118 милиони долари за снабдување на украинската војска дополнителни...

Пендаровски на инаугурација на Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, на 3 јуни 2023 година, сабота, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција,...

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...