Се скараа снаата и свекрвата – Никола Пелц повредена и насолзена поради Викторија Бекам

Само неколку месеци по гламурозната свадба на најстариот син на Девид и Викторија Бекам, Бруклин со американската наследничка Никола Пелц, веќе се појавија шпекулации дека семејната идила ја поматила кавгата меѓу снаата и свекрвата.

Никола Пелц на Инстаграм објави фотографија на која со расплакани очи лежи во кревет и гледа во далечина. Покрај фотографијата атрактивната Американка објави и емотивен текст кој медиумите гопротолкуваа како одговор на шпекулациите за нејзината кавга со Викторија Бекам.

„Понекогаш ми е тешко да го покажам тажниот дел од себе. Израснав со седум браќа и сестри и со двајца многу силни родители и тоа ме направи и мене силна. Поради тоа не дозволувам луѓето да ми го расипат расположението или да ме повредат. Околу себе изградив ѕид за да се заштитам, што е посебно важно во оваа индустрија. Сите имаме деново кога некој ќе не повреди и во ред е да се чувствуваме лошо. Само сакав да напишам нешто за тоа бидејќи овде никогаш не сум ја покажала таа своја страна. Сакав да го покажам тоа. Сите ве сакам и ја ценам вашата поддршка“ – напиша Никола Пелц.

Изминативе неколку денови американските медиуми пишуваа дека Никола Пелц и Викторија Бекам се „во војна“. Некои од нив наведоа и дека главна причина за нетрпеливоста и за заладените односи е тоа што Никола е љубоморна на вниманието што Викторија секогаш го добива, па поради тоа и ја исклучила својата славна свекрва од подготовките за венчавката што се одржа во април годинава во Палм Бич на Флорида.

ПОСЛЕДНИ

Пред седум години излезе како маскота со Серхио Рамос, денес ќе игра против него🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЛамин Јамал е последниот голем талент кој излезе од познатата академија на Барселона,...

Роналдо продолжува да руши рекорди🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЕкипата на Ал Наср со 1:2 победи против Ал Тае во Сауиската лига, а херој беше...

Груби: Владата преку обврзници им помага на општина Тетово и Желино да ги подмират неплатените обврски

Владата на Република Северна Македонија преку финансискиот инструмент- структурни обврзници издадени од страна на Министерството за финансии ќе им помогне на општините Тетово и...

Проблем за Тен Хаг, Манчестер Јунајтед остана без двајца дефанзивци

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQДефанзивците на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез и Серхио Регилон се здобија со повреди...