СДСМ со реакција: Уплашениот Мицкоски го пушта во јавност дезертерот и фалсификатор Ковачки да шири невистини

Од СДСМ денеска пристигна реакција на прес конференцијата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Христијан Мицкоски уплашен за својата фотелја во белиот дворец, се крие од граѓаните и наместо да одговори на поставените прашања, тој преку неговите соработници шири лаги и невистини.

„Мицкоски во јавноста го пушта Драган Ковачки, дезертер од Армијата и лице кое пред неколку години добило кривична пријава за фалсификување исправа.

Ете колку е очаен Мицкоски.

Негови соработници со сомнителен кредибилитет излегуваат во јавноста да шират невистини со цел да го дефокусираат вниманието од скандалот со тендерот вреден 136 милиони за кој Мицкоски упорно молчи.

ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија и дефокус од тоа, нема“, велат од СДСМ.

ПОСЛЕДНИ

Проблем за Баерн: Повредата на Гнабри е сериозна

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQБаерн Минхен лесно ја заврши работата во Купот на гостувањето кај Пројзен Минстер,...

Саудиска Арабија посериозно ја развива својата нуклеарна програма

Саудиска Арабија ја објави својата посветеност на изградбата на нуклеарна програма, како и ветување дека ќе овозможи поголем надзор над инспекторите за атомска енергија,...

Приведен шверцер на мигранти од Струга, пронајдени 33 лица

Денеска, во 11.30 часот, полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица, во близина на бензинска пумпа на...

Џабе милијардите: На натпревар во Саудиска Арабија присуствуваа 61 гледач

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQСаудиска Арабија вложува милијарди во фудбалот и веќе во лигата во оваа земја...