СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не го блокираа само одморот, тешко им е да работат за граѓаните

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не го блокираа само одморот. Уживаа цело лето. Сега кога треба да работат за граѓаните им е многу тешко, не им се работи. Да не им треба уште одмор на сметка на граѓаните?  Запаметено ќе биде ова однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, во време на најголема економска и енергетска криза во светот по Втората светска војна“ се вели во соопштението на СДСМ.
 
СДСМ порача дека со најавата дека Мицкоски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат со блокадата на Собранието е показател дека ништо не е променето во оваа партија.
„Освен блокади на законите за граѓаните и тоа во време на криза, деструкции и предизвикување било каква штета се друго му е тешко на Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не ја научиле лекцијата. Ниту ја примиле пораката од граѓаните кои има ја пратија на вонредните локални избори кога доживеаја пораз во две општини а во третата имаа пад на гласовите“, велат од владејачката партија.
ПОСЛЕДНИ

Американците обезбедија „Гепарди“ – самоодни противвоздушни системи што итно ѝ се потребни на Украина

Американската војска и додели на компанија со седиште во Флорида договор вреден нешто повеќе од 118 милиони долари за снабдување на украинската војска дополнителни...

Пендаровски на инаугурација на Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, на 3 јуни 2023 година, сабота, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција,...

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...