СДСМ: Почеток на учебната година со поголеми плати за наставниците и инвестиции во образованието

Новата учебна година за околу 255.000 основци и средношколци започнува денеска во подобрени услови за одржување на наставниот процес, кои се должат на сериозните вложувања на СДСМ во изминатите пет години во унапредување на образованието, како за зголемување на платите, така и во инфраструктурата, велат од партијата на власт.

„Септемвриската плата за околу 32.500 вработени во основното и средното образование, од кои 25.000 наставници ќе биде повисока за 15 проценти, по постигнувањето на договорот меѓу Владата и СОНК. СДСМ се залага достоинствено да се вреднува трудот на наставниците. Со досегашните покачувања на платите од 21 процент, вработените во основното и средното образование сега ќе имаат плати поголеми за 36 отсто, во однос на 2017 година. Освен во платите, инвестираме и во инфраструктурата во образованието, за помалку од пет години, реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта. Се опремуваат 265 кабинети по природни науки во училиштата во земјава, со што тие добиваат современи кабинети по физика, хемија, биологија и географија“, е нагласено во соопштението.

Додаваат дека се обезбедува поддршка и за учениците.

„Ученичките стипендии, кои изнесуваа од 2.200 до 2.700 денари, ги зголемивме и ги израмнивме на 3.500 денари. Оваа учебна година е зголемен бројот на дуални паралелки за унапредување на средното стручно образование – од 97 минатата година, сега се 200 со опфатени 2700 ученици. Во овој проект минатата година биле вклучени 250 компании, а годинава нивниот број се искачи на 400“, подвлекуваат од СДСМ.

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...