СДСМ: Нов изборен пораз за Мицкоски и Апасиев

Со двојнатата победа на СДСМ и владејачката коалиција, во Центар Жупа и Маврово Ростуше граѓаните испратија силна, јасна и недвосмислена порака дека сакаат напредок, развој, европска држава и европски вредности. Граѓаните во тешки времиња препознаа дека СДСМ и европската коалиција го држат вистинскиот правец и ги спроведуваат вистинските, европски политики и на Мицкоски и Апасиев им испорачаа нов изборен пораз, се вели во денешното партиско соопштение.

„Што и да зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ фактите се неумоливи. Тие на вонредните локални избори изгубија во две општини, а во третата имаат пад на гласовите од над 1.000 гласа.

Мицкоски може да се врати во основно образование бидејќи и математиката и политиката му се слаба страна. Тоа што се обидува сопствениот пораз да го претставува за некаква победа покажува дека Мицкоски има проблем со математичките операции ама и со логиката.

Можеби затоа и го нема да се јави Мицкоски со денови, макар и на својот ФБ профил.

Нема што да каже, бидејќи граѓаните му кажаа дека се за напредок, развој, економски раст, повисоки плати, одговорност и посветеност, а против блокади, деструкции, лаги и шпекулации.

Потонаа нарачаните анкети на ВМРО-ДПМНЕ, гласањето во саботата потврди дека анкетите кои си ги нарачува оваа партија немаат врска со реалноста. Се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема поддршка од граѓаните а анкетите што ги нарачува неточни и погрешни“, соопшти СДСМ.

ПОСЛЕДНИ

Ова се најплатените играчи во Премиер лигата, Де Брујне на врвот

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQФудбалерот на Манчестер сити, Кевин Де Брујне е најплатениот играч во Премиер лигата.Белгиецот со околу...

Проблем за Баерн: Повредата на Гнабри е сериозна

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQБаерн Минхен лесно ја заврши работата во Купот на гостувањето кај Пројзен Минстер,...

Саудиска Арабија посериозно ја развива својата нуклеарна програма

Саудиска Арабија ја објави својата посветеност на изградбата на нуклеарна програма, како и ветување дека ќе овозможи поголем надзор над инспекторите за атомска енергија,...

Приведен шверцер на мигранти од Струга, пронајдени 33 лица

Денеска, во 11.30 часот, полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица, во близина на бензинска пумпа на...