СДСМ: Интеграциите се во интерес на сите граѓани, ЕУ ни додели нови 225 милиони евра

Процесот на евроинтеграција на Република Северна Македонија е во интерес на сите граѓани, со максимално искористување на фондовите на ЕУ се обезбедуваат конкретни придобивки за народот, забрзан процес на реформи, кои се неопходни за напредување кон членство во Унијата.

Европската унија на крајот на јули годинава ги одобри првите проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, а Македонија доби поддршка за четири инвестициски проекти во износ од 225,6 милиони евра.

Одобрени се средства за проектот за изградба на железница меѓу Северна Македонија и Бугарија во рамки на Коридорот 8, секција Крива Паланка – граница со Бугарија, за кој е доделен грант во износ од 149.2 милиони евра.

За проектот за набавка на опрема за Осломеј 1 – Фотоволтаична станица, е доделен грант од 1.6 милиони евра, додека грант од пет милиони евра доби проектот за набавка на опрема за Осломеј 2 и Битола – Фотоволтаична централа

За проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје од ЕУ е доделен грант во висина од 69.8 милиони евра.

Ова се проекти во интерес на сите граѓани, за унапредување на инфраструктурата и забрзан развој на државата.

Откако, по 17 години чекање, ги започнавме преговорите за членство во ЕУ, континуираната и зголемената помош која Европската Унија ќе ја обезбеди во наредниот период, ќе овозможи македонските граѓани и економија да добијат конкретна и реална поддршка, велат во соопштението за јавноста од СДСМ.

ПОСЛЕДНИ

Ова се најплатените играчи во Премиер лигата, Де Брујне на врвот

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQФудбалерот на Манчестер сити, Кевин Де Брујне е најплатениот играч во Премиер лигата.Белгиецот со околу...

Проблем за Баерн: Повредата на Гнабри е сериозна

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQБаерн Минхен лесно ја заврши работата во Купот на гостувањето кај Пројзен Минстер,...

Саудиска Арабија посериозно ја развива својата нуклеарна програма

Саудиска Арабија ја објави својата посветеност на изградбата на нуклеарна програма, како и ветување дека ќе овозможи поголем надзор над инспекторите за атомска енергија,...

Приведен шверцер на мигранти од Струга, пронајдени 33 лица

Денеска, во 11.30 часот, полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица, во близина на бензинска пумпа на...