СДСМ : Ги знаеме црвените линии на Мицкоски, прифати НМК и скандалозни Резолуции

Таканаречените црвени линии на Христијан Мицкоски познати му се секому.
Истиот тој Мицкоски прифати на Конгрес на Европската народна партија (ЕПП) немаше ништо против наместо да биде претставен со името на државата, да биде претставен со кратенката НМК кој важи само за регистарските таблички, велат во реакцијата на владеачката СДСМ и додаваат:
-Мицкоски не се побуни ниту кога ЕПП усвои Резолуција која е целосно спротивна на државните позиции која ги промовираше во целост бугарските позиции и е далеку полош предлог од предлогот против кој Мицкоски и неговите пратеници со сите сили се спротивставуваа.


Ете тоа се „црвените линии” на Мицкоски линии дијаметрално спротивни од црвените линии дефинирани со Резолуцијата усвоена со консензус во македонското Собрание.
Мицкоски е очаен, осамен и изгубен во сопствената деструкција, затоа мораше да оди по нови насоки во Будимпешта, затоа ги условува своите пратеници со ништовни нотарски изјави без никакво правно дејство.
Мицкоски ќе остане запаметен по тоа што во клучните моменти за државата тој бил на спротивната страна и одработувал за туѓи интереси, на штета на интересите на граѓаните.

 

ПОСЛЕДНИ

Кога Гвардиола бил понуден на Црвена Звезда…

Не како тренер, туку како фудбалер…Гвардиола беше нуден на Црвена Звезда…На почетокот на сезоната 2005/06, кога црвено-белите започнаа целосна реконструкција со нов претседател...

15-годишно девојче силувано во Делчево

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Г.В.(38) од Делчево. Тој се сомничи дека силувал малолетничка.Во координација со Јавен...

Полицијата го расчисти случајот во Карбинци, нема елементи на кривично дело

СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје...

Маричиќ: Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ

Со успешното завршување на скрининг процесот, до крајот на месецов до ЕУ ќе треба да ги доставиме клучните документи за отворање на преговорите по...