Санкциите на Западот овозможиле создавање “голема осмица”? Володин: Новата Г8 помоќна од старата Г7

САД и нивните сојузници со својата политика на санкции ги рушат економските врски, формирајќи нови точки на раст во другите земји, кои заедно со Русија фактички формираа нова “голема осмица”, истакнал претседателот на Државната дума на Русија, Вјачеслав Володин.

„Рушењето на постоечките економски односи, кои ги спроведува Вашингтон и неговите сојузници, доведува до формирање на нови точки за раст во светот“, напишал Володин на “Телеграм”.

Тој потсетил дека групата од осум земји, кои не учествуваат во војната со санкции, а кои ја сочинуваат Кина, Индија, Русија, Индонезија, Бразил, Мексико, Иран и Турција, според БДП и според паритетот на куповната моќ ја надминуваат за 24,4 проценти старата група на индустриски развиени земји Г7.

Според неговите зборови, во исто време економиите на САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Канада и натаму трпат големи потреси, па за првиот квартал во 2022-ра година во САД бил забележан пад на БДП за 1,5 проценти, а инфлацијата достигнала максимум од декември 1981-ва година и изнесува 8,6 проценти.

Володин смета дека САД сами ги направиле условите за Русија и другите земји да формираат нова голема осмица.

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...