Русија ќе гради два нуклеарни реактора во Унгарија

Целта на договорот меѓу Русија и Унгарија од 2014 година е проширување на постојната нуклеарна централа Пакс. Нуклеарната индустрија на Русија не подлежи на санкции од ЕУ поради нејзиниот напад врз Украина.

Унгарија не ги поддржа безусловно потезите на Западот да ја изолира Русија и да го санкционира извозот на руска нафта и гас. Пакс моментално произведува 40 отсто од снабдувањето со електрична енергија во Унгарија.

„Нека започне изградбата!“, напиша министерот за надворешни работи Петер Сијарто во објава на Фејсбук. Со дополнителните два реактора, капацитетот на нуклеарната централа, која моментално се состои од четири реактори изградени во Советскиот Сојуз, ќе се удвои.

„Ова е голем чекор, важна пресвртница. Така ќе ја обезбедиме енергетската безбедност на Унгарија на долг рок и ќе ги заштитиме Унгарците од дивите промени во цените на енергијата“, порача Сијарто во објавата на Фејсбук, пренесена од новинската агенција АФП.

Унгарскиот министер за надворешни работи додава дека нуклеарните реактори би можеле да бидат подготвени за работа до 2030 година. Проектот е вреден 12,5 милијарди евра и во голема мера е финансиран од Русија.

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...