Роналдо повторно е херој во Бразил!

Кон крајот на минатата година Бразилецот Роналдо стана сопственик на бразилскиот гигант Крузеиро.

Роналдо откако стави крај на играчката кариера започна разни бизниси, а купи и два клуба. Прво шпански Ваљадолид, а потоа како што споменавме и Крузеиро. На почетокот во Крузеиро Роналдо дури влезе во конфликт со дел од навивачите кои не ги одобруваа некои негови потази.

„Феноменот“ од играчките денови тргна радикално буџетот го намали од 4.5 милиони евра на 1.8 милиони евра, го разреши тренерот Вандерлеј Луксембург, следуваа откази на играчи…Навивачите најмногу протестираа по отказот на 41-годишниот голман Фабио кој беше легенда на клубот.

Ништо не го откажа Роналдо од неговата намера да го врати Крузеиро после три сезони во бразилската елита и на крајот успеа и повторно е херој…

Коментари

ПОСЛЕДНИ

Официјално: Малдини го напушти Милан

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТоа што се најавуваше сега доби официјална потврда, Паоло Малдини и Милан се разделија.Италијанскиот клуб со официјално соопштение...

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...