Ризаов: Преговорите со Бугарија не треба да прекинат

Ерол Ризаов, новинарски ветеран и одличен познавач на внатрешната и надворешната политика, водечки авторитет во македонскиот журнализам, е дел од галеријата влијателни личности кои за НоваТВ го изнесоа својот став дали во случај на уште еден неуспех да почнат преговорите со ЕУ, Македонија треба да ги продолжи разговорите со Бугарија или да дигне раце како што заговараат некои од високите политички кругови во Скопје.

 

Како мевлем на рана е податливо и прифатливо во македонската јавност преговорите со Бугарија веднаш да се прекинат. Тоа е многу и политички и партиски конјуктурно и носи големи поени. На граѓаните на Македонија им се дојдени преку глава бугарските ултиматуми, условувања, декларации, преговарачки рамки и вета поставени на патот на иднината на една мала соседна и мирољубива прозападно ориентирана земја и членка на НАТО. Веќе не е познато што сака Бугарија која секој ден ги менува своите услови  кон Македонија, факт што го констатираат јавно и повеќе бугарски интелектуалци.

Има повеќе причини Македонија да ги прекине преговорите. Прво, под поставено вето, читај ултиматум не може да се преговара рамноправно, особено ако е потпишан Договор за добрососедство и пријателство ратификуван во двете собранија. Не оди заедно и Договор за добрососедство и пријателство и вето. Второ, Договорот за добрососедство и пријателство е прекршен од страна на Бугарија во повеќе точки. Тоа во Бугарија е согледано и затоа е донесена Преговарачката рамка која е неприфатлива и за Македонија и за ЕУ и која содржи повеќе услови кои означуваат понижување и навреди  кои се својствени само во објави за војна.

Има уште причини за прекин на преговорите со Бугарија, но има и една која вели дека тоа не смее да се случи. Не смее Македонија да ги прекине преговорите и со тоа да ја исполни најголемата желба на бугарската националистичка политика кон Македонија таа да биде виновна за  неуспешните преговори. Дијалогот со Бугарија мора да се одржува на достоинствено ниво и со почитување на меѓународното право со цврст став  за тоа што може да се преговара, а што не може и со јасна нагласка за тоа што е спротивно на Уставот на Македонија, на собраниските одлуки  и на основачките акти на ЕУ кои јасно кажуваат дека билатералните прашања не можат да бидат предуслов за почнување на преговорите со ЕУ.

Прекинот на преговори нема да биде добро примен и од ЕУ ќе биде на штета на Македонија  и со тоа Бугарија ќе биде ослободена од притисокот на западноевропските земји за своите несфатливи барања и вета. Најголемата услуга и олеснување за Бугарија би било да се прекинат преговорите еднострано од Македонија. Можеби тоа е и крајната цел на бугарската политика.  Тој чекор во Македонија ќе има краткотрајно одобрување додека не се согледаат штетните последици од еден ваков емотивен и избрзан  чин.

ПОСЛЕДНИ

Навивачите се жалат: Покривот на „Олд Трафорд“ пропушта вода 🎥

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=VWHUjtOK-xMМанчестер Јунајтед има проблем со резултатите на теренот, но тие не се единствените...

Дојде како голем талент, а Анчелоти сезонава нема да смета на него?!

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=VWHUjtOK-xMТурскиот суперталент Арда Ѓулер нема да остане во Реал Мадрид оваа сезона, затоа...

Ковачевски: Младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата

Премиерот Ковачевски присуствуваше на првиот академски час и доделувањето индекси на новите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,...

Адеми: Опозицијата ги штити интересите на казината, веќе две години го блокира Законот за игри на среќа

Координаторот на Демократската унија за интеграцијаа,  Арбер Адеми на денеска на прес-конференција изјави дека албанската опозиција се претворила во мегафон на македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ. Според...