Рики Мартин го тужи внукот, тврди дека лажните наводи за сексуална злоупотреба го чинеле милиони долари

Рики Мартин поднесе тужба против својот внук Денис Санчез Мартин, кој го обвини за сексуална злоупотреба и бара 20 милиони долари отштета, пренесува магазинот „Пипл“.

Пејачот се реши на овој потег неколку недели откога Денис ја повлече тужбата за сексуален напад, а судијата ја укина привремената забрана за приближување.

Претходно, внукот тврдеше дека тој и Рики биле во романтична врска седум месеци, а кога таа завршила, Рики почнал да го демне и тормози.

Внукот побара забрана за приближување, која истече на 21 јули. Истиот ден на рочиште преку адвокат побара повлекување на тужбата наводно поради неуспешен обид да преговара за финансиска спогодба со адвокатите на Мартин.

Според Мартин, внук му ја поднел тужбата затоа што пејачот не го следел на социјалните мрежи и го игнорирал неговото барање да направи профил за децата. Тогаш внукот јавно го објавил телефонскиот број на пејачот принудувајќи го да го смени бројот. Неколку месеци подоцна, тој поднел тужба за сексуален напад.

Веднаш по повлекувањето на тужбата, адвокатскиот тим на Рики Мартин објави соопштение, во кое наведе: „Ова никогаш не било ништо повеќе од случај со проблематична личност, која дава лажни тврдења без докази во нивна поткрепа. Драго ни е што нашиот клиент виде дека правдата е задоволена и сега може да продолжи понатаму“.

Пејачот сега го тужи својот внук и бара 20 милиони долари за изнуда, неосновани обвинувања, злоупотреба на права и сторена штета.

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...