Рама: Косово има два пата, војна или „Отворен Балкан“

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на тензиите на северот на Косово и истакна дека „100 отсто ја поддржува“ владата на Косово.

– Вчерашниот настан е одраз на длабоката тешкотија што постои во овој однос и спроведувањето на суверенитетот на целата територија на Косово врз основа на договорот меѓу Косово и Србија во Брисел. Во овој момент 100 отсто ја поддржувам владата на Косово и властите на Косово да го спроведат договорот – рече Рама, а пренесува Газета експрес.

Албанскиот премиер нагласи дека Приштина ја донела вистинската одлука со спроведување на реципроцитет, а потоа ја одложила за 30 дена и додаде дека во вакви ситуации Косово има две опции, едната е враќање и војна, а другата е да стане дел од „Отворен Балкан“.

Рама му честиташе на Курти за воздржаноста и за слушањето на нивните сојузници.

– Овие ситуации не покажуваат дека „Отворениот Балкан“ е непотребен или погрешен. Не покажуваат дека нашиот пристап кон Србија и политиката на приближување е непотребен. Овие ситуации покажуваат зошто е потребен Отворен Балкан. Ова е причината зошто Косово треба да седне на масата на Отворениот Балкан. Кога работите ќе тргнат наопаку, постојат два начина, едниот е војната, од која никој не добива, а другиот начин е да се изгради мир. Ние сме луѓе и имаме обврска да им оставиме мир на децата – рече Рама.

Тој додаде дека неговиот пријателски однос со претседателот на Србија, Александар Вучиќ не го спречува да не се согласува таму каде што не се согласува.

– Србија е тука, Косово е тука, никаде не одат – рече Рама.

ПОСЛЕДНИ

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...

Чави откри кога Меси ќе донесе одлука каде да продолжи

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7ITренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие на...

Ништо од Баерн: Роналдо откри каде ќе игра следната сезона

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IИако се поврзуваше со враќање во Европа, поточно...