Првиот потпретседател на Владата, Груби од Брисел зборува за отворање на преговорите со ЕУ

Првиот потпретседател на Владата и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Груби од Брисел зборува за отворање на преговорите со ЕУ. Со завршувањето на имплементацијата на Охридскиот мировен договор, со склучувањето и постигнувањето на Договорот од Преспа како и заокружувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, Северна Македонија денес на 19-ти јули ги започна преговорите со ЕУ за целосно рамноправно членство. Ова е ден за празнување на секој граѓанин на нашата земја без разлика на нивната етничка, верска и културна припадност , ова е значаен ден, ден кој го чекавме цели 17 години, истакна меѓу другото Груби.

Денес е историски ден за сите граѓани на Република Северна Македонија бидејќи по 17 години чекање, Северна Македонија конечно ги започна преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

Ова долго патување на нашата земја, на нашите граѓани започна во 2005¬¬ -та година со стекнувањето на статус на земја-кандидат за членство во Европската Унија поради успешното спроведување на Охридскиот мировен договор и продолжи низ тековниот процес на Пристапниот дијалог на високо ниво со Европската Унија, либерализацијата на визите, добивањето на препорака за отворање на преговорите, но поради двата билатерални спорови со Грција и Бугарија нашата земја беше во бескраен лавиринт , без перспектива за интеграција во Европската Унија.

Сега, со завршувањето на имплементацијата на Охридскиот мировен договор, со склучувањето и постигнувањето на Договорот од Преспа како и заокружувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, Северна Македонија денес на 19-ти јули ги започна преговорите со ЕУ за целосно рамноправно членство. Ова е ден за празнување на секој граѓанин на нашата земја без разлика на нивната етничка, верска и културна припадност , ова е значаен ден, ден кој го чекавме цели 17 години.

Сакам да им честитам на сите кои придонесоа за овој процес од 2002 година до денес, дури и пред 2002 година, а особено на целата политичка елита кои дадоа свој придонес и оставија свој белег во европска Македонија.

Денес , на овој ден се негираа сите скептични и деструктивни гласови во нашето општество. Денес, прогресивните сили на Северна Македонија кои сакаат да ја видат оваа земја во социјална кохезија, во целосна рамноправност меѓу Македонците, Албанците и другите народи, во целосна имплементација на Охридскиот договор, за интеграцијата во НАТО, во ЕУ, во пријателство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

И денес пропаднаа регресивните сили кои сакаа да видат целосна деструктивност во нашето општество и странските агенди со нивно целосно влијание во Северна Македонија. Граѓаните во огромно, апсолутно мнозинство ја дефинираа евроатлантска Македонија во пријателство со евро-американската заедница, а не во пријателство со проруските источни заедници. Затоа, денес мора да започнеме со формирањето на големата коалиција на нашата земја, на сите прогресивни сили кои сакаат што поскоро да ја видат европската Македонија, целосно интегрирана во Европската Унија.

ПОСЛЕДНИ

Официјално: Малдини го напушти Милан

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТоа што се најавуваше сега доби официјална потврда, Паоло Малдини и Милан се разделија.Италијанскиот клуб со официјално соопштение...

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...