Први случаи на мајмунски сипаници во Куба и Индонезија

Куба го потврди првиот случај на мајмунска сипаница.

Болеста е откриена кај турист кој пристигнал од Италија минатата недела. Пред да покаже симптоми, Италијанецот патувал на различни дестинации во западните провинции на карипскиот остров. Во четвртокот му се слошило и побарал лекарска помош. Неговата состојба и понатаму е критична, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Индонезија, исто така, го пријави својот прв случај на вирусна болест, објави Асошиетед прес. Станува збор за 27-годишен маж кој живее во главниот град Џакарта. Портпаролот на Министерството за здравство рече дека се вратил од патување во странство на 8 август, а првите симптоми се појавиле пет дена подоцна.

Светската здравствена организација ја прогласи мајмунската сипаница за глобална вонредна состојба. Оваа болест зафати 40.000 луѓе во повеќе од 80 земји. Пријавени се и неколку смртни случаи, забележува Ројтерс.

ПОСЛЕДНИ

Пред седум години излезе како маскота со Серхио Рамос, денес ќе игра против него🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЛамин Јамал е последниот голем талент кој излезе од познатата академија на Барселона,...

Роналдо продолжува да руши рекорди🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЕкипата на Ал Наср со 1:2 победи против Ал Тае во Сауиската лига, а херој беше...

Груби: Владата преку обврзници им помага на општина Тетово и Желино да ги подмират неплатените обврски

Владата на Република Северна Македонија преку финансискиот инструмент- структурни обврзници издадени од страна на Министерството за финансии ќе им помогне на општините Тетово и...

Проблем за Тен Хаг, Манчестер Јунајтед остана без двајца дефанзивци

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQДефанзивците на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез и Серхио Регилон се здобија со повреди...