Протести во Албанија, се бара безбедност на плажите

Под слоганот „(Неа) не ја уби брод, туку државата“, илјадници Албанци во четвртокот побараа оставка од шефот на полицијата, министерот за туризам, министерот за внатрешни работи и премиерот – и побараа поголема заштита на плажите. На протестот беа присутни и опозициски политичари.

Седумгодишното дете загина во вторникот откако било удрено од глисер управуван од полицаец што во моментот не бил на должност.

Смртта ја шокираше земјата во која многумина бараат поголема безбедност на плажите.

Полицијата, во вторникот ги отпушти си вработени во командниот синџир на локалната Дирекција за граница и миграција на Валона поради „неприменување дополнителни мерки за спречување инциденти со пловила во крајбрежните области“.

Премиерот Еди Рама, сепак, ја отфрли загриженоста на јавноста, велејќи дека „до вчера ова беше најсигурната летна сезона“.

Минатиот месец, во близина на Драч загина 18-годишно момче додека се обидуваше да го спаси својот петгодишен брат и неговиот пријател од давење. Брачна двојка минатиот месец, исто така, била удрена од глисер на плажата Јал.

 Фото: Ненси Богдани/БИРН

Фото: Ненси Богдани/БИРН

Фото: Ненси Богдани/БИРН

Фото: Ненси Богдани/БИРН

 

Фото: Ненси Богдани/БИРН

Фото: Ненси Богдани/БИРН

Фото: Ненси Богдани/БИРН

 

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...