Претставници на Турција, Шведска и Финска ќе се сретнат на непозната локација

Официјални лица од Турција, Финска и Шведска се очекува да се сретнат денеска на непозната локација во Финска.

Тема на разговорот е „безбедносната грижа“ што Анкара ја постави како предуслов за влез на двете земји во НАТО, пренесува „Ројтерс“.

Министерството за надворешни работи на Финска не сакаше да ја открие локацијата или датумот на состанокот, наведувајќи ги безбедносните причини како објаснување, наведува британската агенција.

Министерката за надворешни работи на Финска, Пека Хависто, претходно најави дека првата средба на официјални претставници ќе има за цел воспоставување контакти и поставување цели за соработка, за што трите земји се согласија со потпишување меморандум за разбирање на самитот на НАТО во Мадрид на крајот од јуни.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО како одговор на рускиот напад врз Украина, но се соочија со противење од Турција, која ги обвини дека воведоа ембарго за испорака на оружје за Анкара и ги поддржуваат организациите кои ги смета за терористички.

Според руските медиуми, воениот комитет на НАТО ќе се состане од 16 до 18 септември во Естонија, а на тој  за првпат ќе учествуваат и претставници на Финска и Шведска.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...